DEMEX експлозиви
Од производната програма на TRAYAL Korporacija AD, ги нудиме следните три врсти експлозиви од типот DEMEX:
- DEMEX 1
- DEMEX 2
- DEMEX 3
Експлозивите од типот DEMEX се нискобризантни стопански експлозиви кои благодарение на своите минерско-технички карактеристики, можат да се користат за разни видови специјални минирања.
Експлозивите од овој тип можат да се користат за заварување (спојување) на метал, обработка на површината на метали и метални конструкции како и за експлоатација на украсен камен.
DEMEX експлозивите се неотпорни на влијание на вода па не се препорачува нивна употреба во присуство на вода.
DEMEX експлозивите не смеат да се употребуваат во метански режим на работа.
DEMEX експлозивите се транспортираат и пакуваат во комерцијално пакување вреќи од 25кгр и во кутии со димензии 600x360x160мм.
Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на експлозивот во суви и проветрени простории каде што температурата не го преминува опсегот од -20C od + 30C, односно релативната влажност не преминува 75%.
Пакувањето е прилагодено според АДР/75 прописите.
DEMEX експлозиви
| КАРАКТЕРИСТИКИ | DEMEX 1 | DEMEX 2 | DEMEX 3 |
| Густина(g/m³) | 0,60 - 0,65 | 0,70 - 0,75 | 0,70 - 0,75 |
| Брзина на детонација(m/s) | 1400 - 1600 | 1400 - 1800 | 1800 - 2000 |
| Биланс на кислород(%) | +7,8 | Урамнотежен | Урамнотежен |
| Гасен волумен(dm$sup3;/kg) | 1030 | 683 | 751 |
| Топлота на експлозија(kJ/kg) | 2885 | 2834 | 2964 |
| Температура на експлозија(K) | 2110 | 2127 | 2218 |
| Иницијација | DK N° | ||
*Брзината на детонација и преносот се испитува во необложено пунење ø30mm насипана густина.
Експлозивниот состав од типот DEMEX се произведува во согласност со стандардот H.D1.020.
Гарантниот рок на употреба на DEMEX е 6 месеци.




ISO 9001 (PDF)
CE (PDF)