Детонаторски фитил

Детонаторскиот фитил е експлозивно средство кое служи за пренос на детонацијата од Рударската каписла бр. 8 или електричниот детонатор до минското полнење.

TRAYAL Корпорација произведува детонаторски фитили со 10 грама и 12 грама експлозивно полнење по должински метал со ознаки P-10 и P-12.

Детонаторскиот фитил успешно се користи на површинските копови, во јамите каде што нема метан и јаглена прашина, во каменоломите како и за разни видови специјални површински и подводни минирања.

Детонаторските фитили P-10 и P-12 не смеат да се користат во јамите со метан и јаглена прашина.

Детонаторскиот фитил се намотува на калеми кои се пакуваат во кутии со димензии 240x240x850mm и тоа по четири калеми во секоја кутија.

Пакувањето на детонаторскиот фитил е прилагодено според АДР/97 прописите.

Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на фитилот во суви и проветрени простории каде температурата не го поминува опсегот од -20C до +30C, односно релативната влажност не преминува 75%.

Гарантниот рок на употреба, под пропишаниот начин на складирање е неограничен.

Детонаторски фитил

Карактеристики P-10 P-12
Количина на експлозивно полнење 10±1 12±1,5
Пречник 5,5±0,25 5,2±0,25
Боја на изолација Црвена Плава
Брзина на детонација min 6300 min 6300
Иницијација DK N° 8 Рударска каписла бр.8
Сертификати ISO 9001 (PDF) CE (PDF) Преземи каталог