Универзален бавногоречки фитил
Универзалниот бавногоречки фитил е средство за палење кое во склоп со рударската каписла служи за иницирање на експлозивни полнења, а самостојно за иницирање полнења со рударски црн барут.
Се состои од континуирано полнење црн барут заштитен со ПВЦ омот кој обезбедува потполна водоотпорност.
Бавногоречкиот фитил се применува за работа во суви и влажни услови како и за работа под вода до длабочина од 10 метри.
Строго е забрането употреба во услови на појава на метан и јаглена прашина.
Универзалниот бавногоречки фитил се намотува на калеми кои се пакуваат во кутии со димензии 240 x 240 x 850mm по четири калеми во секоја кутија.
Пакувањето на бавногоречкиот фитил е прилагодено спрема АДР/97 прописите.
Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на експлозивот во суви и проветрени простории каде што температурата не го преминува опсегот од -20C до +30C, односно релативната влажност на воздухот не преминува 75%.
Гарантниот рок на употреба, под пропишаниот начин на складирање е 12 месеци.
Универзален бавногоречки фитил
| Карактеристики | Универзален бавногоречки фитил |
| Пречник(mm) | 5,22 ± 0,5 |
| Време на горење(s/m) | 110 - 140 |
| Боја на изолација | Црна |




ISO 9001 (PDF)
CE (PDF)