АНФО експлозивни смеси
Класичните АНФО експлозивни смеси претставуваат двокомпонентен систем составен од гранулиран порозен амониум нитрат и дизел гориво како сензибилизатор.
АНФО експлозивните смеси не смеат да се користат во јамите каде што има метан или јаглена прашина.
АНОЛ - АНФО претставува класична АНФО експлозивна смеса. Се дистрибуира со спеијално Анфо возило кое има две комори за компонентите кои го сочинуваат и прават овој експлозив. Со специјалното возило директно се впумпува во минските бушотини каде се формира експлозивната смеса.
Анфо возилото е мобилно и се полни во својата база - АНФО станица.
Критичниот пречник на овој тип изнесува 100мм.
Се употребува за масовни минирања на површинските копови во услови на меки и средно цврсти маси.
АНОЛ-АНФО не е осетлив на рударска каписла бр.8 и на детонаторски фитил, а се иницира со прнтолитски појачувачи НОНЕЛ систем од 500 грама (ППН-500).
АНФО J.1 ДМ е во потполно исти состав со АНОЛ-АНФО. Се пакува волиетиленски ПВЦ вреќи од 25кг и според минерските карактеристики може во многу случаи да ги замени или да се комбинира со патронираните прашкасти експлозиви.
Експлозивот се доставува на лице место на површинскиот коп со специјално АДР возило или се складира во магацин. Експлозивот од вреќите, директно се сипа во минските бушотини. Заради неговата релативно мала густина и конзистенција (порозни гранули на амониум нитрат) ја исполнува целосно минската бушотина, се распоредува по висина рамномерно и со помала концентрација по метар должен бидејќи има мала насипна маса.
АНФЕКС П-ДМ е со истиот калитативен хемиски состав како и останантите Анфо експлозиви, со таа разлика што е патрониран во полиетиленски кеси во различни пречници од 60мм до 90мм, спрема потребите на потрошувачите.
АНФО експлозивни смеси
| КАРАКТЕРИСТИКИ | ANOL-ANFO | ANFO J.1 DM | ANFEKS P-DM |
| Густина(g/cm) | 0,95-1,00 | 0,95-1,00 | 0,95-1,00 |
| Брзина на детонација(m/s) | 2000-2500 | 2000-2500 | 2000-2500 |
| Пренос на детонација(cm) | Контакт | Контакт | Контакт |
| Биланс на кислород(%) | Урамнотежен | Урамнотежен | Урамнотежен |
| Гасен волумен(dm/kg) | 1045 | 1045 | 1045 |
| Топлота на експлозија(kJ/kg) | 3872 | 3872 | 3872 |
| Температура на експлозија(K) | 2544 | 2544 | 2544 |
| Иницијација | Поиетиленски појачувач 300g | ||




ISO 9001 (PDF)
CE (PDF)