Пумпани "SLURRY" експлозиви

Пумпани "SLURRY" експлозиви од типот "Масло во вода".

  • MAJDANIT 10
  • MAJDANIT 20

Манјанид експлозивите се произведуваат на специјално SLURRY - возило кое воедно претставува и мала подвижна фабрика. Полнењето на SLURRY возилото е поврзано за својата база - SLURRY станица каде што се припремаат сите компоненти.

Ниедна од почетните компоненти кои се полнат во возилото не е експлозив, се додека не пристигне до рударските копови каде што на лице место се прави експлозивот.

Овие експлозиви се водоотпорни и својата функционалност ја добиваат после впумпувањето во минските бушотини во која го постигнуваат пречникот на бушотината (поголем од критичниот) и густина која  обезбедува стабилна детонација.

Јачината може да им се контролира во зависност од стенската маса. Се користат за масовни  минирања на површинските копови во пречници на минските копови над 100mm.

Мајданитот не е осетлив на Рударска каписла бр.8 и Детонаторски фитил. Иницирањето се врши со пентолитски појачувачи Бустер (ПП - 360 и ППН - 500).

Не се препорачува непотребни долго стоење на експлозивите во бушотините, туку да се минира веднаш штом се створат услови.

Пумпани "SLURRY" експлозиви

КАРАКТЕРИСТИКИ MAJDANIT 10 MAJDANIT 20
Густина(g/cm³) 1.06 - 1.25 1.06 - 1.25
Брзина на детонација(m/s) min. 3500 min. 3500
Биланс на кислород(%) Урамнотежен
Гасен волумен(dm³/kg) 1085 985
Топлота на експлозија(kJ/kg) 2770 3860
Мин пречник на употреба(mm) 100 100
Иницијација Пентолитско појачување 360g

*Брзината на детонација и пренос се одредува во обложено полнење ø100mm иницирано од PP-360.

Сертификати ISO 9001 (PDF) CE (PDF) Преземи каталог