DEMULEX експлозиви

DEMULEX - 3M i DEMULEX - SBM експлозивите се патронирани емулзиони експлозиви од типот “вода во масло”. Како сензибилизатор се користат стаклени микробалони. Се произведуваат со и без Алуминиум прав. Спаѓаат во групата на високо сигурносни водоотпорни експлозиви.
Се применуваат во површински минирања како и во подземни каде што нема присуство на метан и опасна јагленова прашина. Поради својата висока водоотпорност се применуваат во бушотини со вода.

Лесно се иницираат со Рударска каписла бр.8, електродетонатор, детонаторски фитил како и неелектричен систем за иницирање (NONEL).

Гарантен рок на употреба е 6 месеци од датумот на производство.

Датумот на производство е втиснат на листата во секој пакет.

Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на експлозивот во суви и проветрени простории каде што температурат не го преминува опсегот од -20C до +30C, односно релативната влажност на воздухот не преминува 75%.

Пакувањето е прилагодено според АДР/97 прописите. Овие експолозиво се произведуваат во пречник од Ф28 до Ф80мм.

DEMULEX експлозиви

Карактеристики DEMULEX - 3M DEMULEX - SBM
Густина(g/cm³) 1.15±0.25 1.15±0.05
Брзина на детонација(m/s) min. 4300 min. 4300
Баланс на кислород(%) Урамнотежен
Гасен волумен(dm³/kg) 953 915
Топлота на експлозија(kJ/kg) 2830 3310
Температура на екстлозија(K) 2053 2300
Сертификати ISO 9001 (PDF) CE (PDF) Преземи каталог